Кога некои истражувања покажаа дека ултравиолетовата светлина може да биде ефикасна против короната, тој го изработил проектот за најкраток можен рок, а му помогнале експерти и научници од Холандија, САД, Јапонија и од Италија.

‘Урбано сонце‘ нема цел да биде единственото, но едно од решенијата против короната. Со овој проект за неколку минути местата може да се исчистат од вирусот 99,9 %, што значи дека шансите да се заразите се крајно мали, вели Розегард.

Инсталацијата се состои од голем светлечки круг на УВ-светлина, со бранова должина од 222 нанометра, која служи како дополнителен слој на заштита. Розегард смета дека ова ќе најде примена на музички фестивали и други настани ова лето кога мерките ќе бидат олеснети.