Двајца македонски државјани се појавуваат во јавната база „Worst of the Worst“ на американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS – Министерство за внатрешна безбедност), каде што се објавуваат податоци за странски државјани уапсени во САД.

Според достапните податоци, станува збор за Лидија Томески и Владимир Гочевски.

Кај Лидија Томески како земја на потекло е наведена Северна Македонија, а како место на апсење Клинтон, Њу Џерси. Во категоријата „Crimes“ (Кривични дела) се наведени „Fraud“ (Измама), „Fraud – Illegal Use Credit Cards“ (Измама – незаконска употреба на кредитни картички) и „Money Laundering“ (Перење пари).

Кај Владимир Гочевски, пак, е наведено дека бил уапсен во Оклахома Сити, Оклахома, а во категоријата „Crimes“ (Кривични дела) е наведено „Dangerous Drugs“ (Опасни дроги).

Податоците објавени од DHS (Министерството за внатрешна безбедност) се однесуваат на апсења и категории на дела поврзани со записите на лицата. Од самите објавени картички не може да се утврди дали Томески и Гочевски се правосилно осудени за наведените дела, ниту каков е нивниот актуелен правен или имиграциски статус.