Имено, реализацијата на капиталните инвестиции според последниот извештај за реализација на буџетот, заклучно со месец мај 2021-тата година е нешто повеќе од 86 милиони евра или тоа е еднакво на 21.85 проценти од тоа што било планирано на почетокот на годината.
Економистите коментираат дека капацитетот на институциите да ги спроведат јавните инвестиции се од пресудно значење за економскиот раст на земјите во развој како што е Македонија. Ниското ниво на јавни инвестиции покрај тоа што не создава можност за квалитетни јавни услуги за граѓаните, како училишта, градинки, медецинска опрема, но исто така се намалува и обемот на работа за домашните компании.
Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми на аукциите на државни хартии од вредност но сепак и покрај енормните задолжувања инвестициите во реални проекти изостануваат.