Израелската Амбасада на Твитер напиша:

-Ние сме згрозени кога гледаме очигледен антисемитизам во програмата на официјалните кинески медиуми

Во соопштението, исто така, се наведува дека тие се надеваат „дека завршило времето на теориите на заговор за тоа дека Евреите го контролираат светот, но, за жал, антисемитизмот повторно го покажа своето грдо лице“.

Новинарите не успеаја да добијат одговор од амбасадата за што конкретно реагираа.

Водителот на една емисија што ја обработуваше темата за конфликтот во Газа на кинеската ЦГТВ праша дали американската поддршка за Израел навистина се темели на заеднички демократски вредности или „на влијанието на богатите Евреи во САД и еврејското лоби“.

ЦЦТВ, компанијата под чие покровителство работи ЦГТВ, засега не дава коментар за израелскиот протест.