Ќе биде пеколно за Вардарци во Битола, а доказ за тоа е дека билетите за натпреварот со Пелистер распродадени за само 17 минути. Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе имаат жесток дуел, а еуфоријата го достигнува максимумот.
Билетите кои Пелистер денеска ги пушти во продажба, беа распродадени експресно, или поточно за само 17 минути. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последно место.
Двата клуба во оваа пресметка ќе влезат со подеднаков број на бодови (31), но „црвено-црните“ беа подобри во првиот меѓусебен дуел во Скопје и затоа ја заземаат првата позиција по 11 рунди во Суперлигата.
Оваа пресметка ќе ја судат нашите најдобри арбитри, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.