Куќа во северен Лондон која однадвор изгледа како сива мала колиба, однатре е нешто сосема друго… И чини 750.000 британски фунти (околу 885.000 евра).

Имено, ова „мало“ здание внатре има многу повеќе простор отколку што изгледа однадвор, бидејќи има „скриен“ долен кат. На тој кат има кујна (со отворен план за трпезарија), дневна соба, а скалите водат до две спални соби и две бањи, како и складиште. Зад куќата има мала патека, што претставува дополнителен простор.

Куќата има површина од 73 квадратни метри.

Јавниот превоз, исто така, е многу близу, како и продавниците во околината, рестораните и паркот Клисолд.