Македонската експедиција на свеченото отворање се појави како 50-та.

Први од македонските спортисти ќе настапат Филип Деркоски (пливање – 400 м.) и Борјан Бранковски, спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол кои на Олимписките игри ќе се натпреваруваат утре.

Реџепи (џудо – 52 кгр) ќе настапи на 25 јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во нејзината категорија.

Георгиевски (таеквондо) во категоријата +80 кгр ќе настапи на 27 јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во неговата категорија.

Миа Блажевска Еминова ќе настапи на трката на 100 м. (пливање) на 28 јули.

Јован Стојоски (атлетика) во трката на 400 м. ќе настапи на 1 август, а финалето на оваа трка е на 2 август 2021 година.

Пуликсена Јованоска (карате, кати) ќе настапи на 5 август, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал.

Последен на Олимписките игри ТОКИО 2020 ќе настапи Нуров Магомедгаджи (борење слободен стил, 97 кгр.). Неговите борби во осминафиналето започнуваат на 6 август, а следниот ден ќе се одржат и борбите за медал во оваа категорија.