Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Мароко, пришто животот го загубија најмалку 600 лица, а стотоци се повредени.

Помеѓу многуте фотографии од последиците од земјотресот што ги преплаши луѓето, имаше и една која брзо почна да се споделува на социјалните мрежи.

Имено, на фотографијата е млад човек без блуза и бос кој го напуштил својот дом за време на земјотресот, а во рацете го држи својот „Плејстејшн“.

На социјалните мрежи се појавија видеа од ужасниот потрес и неговите последици, а згради се урнаа во Маракеш, антички град заштитен од УНЕСКО.