Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески извести дека денеска заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, во ООУ „Љубен Лапе“, ги поделиле таблетите на учениците од четврто одделение.

Како што објави градоначалникот, оваа година Општина Аеродром обезбедила 830 таблети, продолжувајќи го веќе петта година по ред проектот „Таблет за секое дете“.

„Верувам дека современото образование мора да оди во чекор со времето. Затоа, покрај таблетите, обезбедивме и 7.500 бесплатни училишни униформи за секој ученик, а во соработка со Министерството за образование и наука обезбедуваме и бесплатни учебници.

Нашите училишта ги опремуваме и со современа технологија, со цел наставата да биде поквалитетна, поинтересна и прилагодена на потребите на денешните ученици“, вели Митески.