Вечерва присуствував на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“, која преку 60 оригинални историски фотографии, од кои многу ретки и досега необјавени, го оживува споменот на едно време исполнето со борба, жртва и непокор, објави на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.
Изборот е направен од приватните колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски, кои преку оваа изложба ни овозможуваат да се доближиме до едно од најзначајните поглавја на македонската историја.
Историјата не е само спомен од минатото, туку аманет за иднината. Народ што ги памети своите корени, ги почитува своите херои и го чува својот идеал, знае кој е и каде оди. Свои на своето.
