Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека се наоѓа во Вевчани, каде во тек е традиционалниот карневал на маски.

 

-Денес присуствував во Вевчани на карневалот, таму каде што традицијата не се раскажува, туку се живее. Ја негуваме, ја чуваме и ја пренесуваме!, напиша Мицкоски.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.