Говорот на новиот претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова ги бранува локалните, регионалните и светски медиуми. Имено, утрово масовно се споделува на Твитер „инцидент“ за искршено стакло за автомобил и се подгреваат меѓуетнички тензии на релација Скопје – Атина. Сепак, на лагата ѝ се кратки нозете, па брзо се испостави дека станува збор за измислен инцидент.
Твитот кој подгрева меѓународна тензија и напнатост гласи:
Се враќаме денес од плажа (на втор крак) и колата ја најдовме ваква.. Кој и зошто ги напиздил грциве, до вчера беа многу љубезни?, пишува Твит а со тоа заедно оди и фотографијата која јасно се гледа дека е симната од вест која е објавена на странски портал претходната година.
Почнаа гнидиве со фејк објави. https://t.co/62AiNg7JqD pic.twitter.com/uOxCzPCTaq
— Malista Pulikala (@malistaPulikala) May 12, 2024
Сепак, Богдан Илиевски и многуте останати граѓани брзо ја разобличија лагата. Водејќи се по останатите објави на овој профил се претпоставува дека СДСМ стои зад ваквите, неуспешни обиди за кревање хистерија.