Владејачката коалиција ГЕРБ-СДС предводена од премиерот на Бугарија Бојко Борисов доби 26,18% од гласовите, партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов „Има таков народ“ 17,66% од гласовите, јави дописникот на МИА од Софија.

Опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова доби 15,01%, Движењето за права и слободи 10,49%, „Демократска Бугарија – обединување“ на поранешниот министер за правда Христов Иванов 9,45% и „Исправи се!Мафијата надвор!“ на Маја Манолова трае 4,72%. За бугарската ВМРО гласаа 3,64%