СВР Скопје – Полициска станица Карпош поднесе кривична пријава против А.П.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

-Имено, на 27.09.2025 во 19:00 часот на подрачје на Карпош во Скопје, постапувајќи по претходна пријава од двајца граѓани, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П. затоа што бил затекнат како управува патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно по преземени мерки измерени му се 3,06 промили алкохол во крвта, информира МВР.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него е поднесена пријавата.