Педесет и едногодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи. Инцидентот бил официјално пријавен во текот на вчерашниот ден во Секторот за внатрешни работи Скопје.

На 29.09.2025 во 20:44 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишниот С.К. од Скопје, кој подоцна бил пренесен во приватна болница за укажување на лекарска помош.

Според пријавеното во полициските служби, повредениот скопјанец се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во Националната установа Македонска опера и балет.