Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави последици и во централното градско подрачје. Поради силниот ветер, паднати се повеќе дрвја во паркови и на улици во Центар и Капиштец.

На фотографиите се гледаат последиците од невремето, со паднати стебла и гранки кои го отежнуваат движењето на одредени локации.