Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Тетово. Тој на својот Фејсбук профил објави дека традиционално по повод празникот Св. Атанасиј се наоѓа на Тетовското Кале.

-Денеска бев во посета на Тетовското Кале, по повод празникот Св. Атанасиј, традиција која трае. За многу години, напиша Мицкоски.

Мицкоски денеска ќе присуствува и на пуштање во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.