Гостиварецот У.Р. (69) вчера бил лишен од слобода откако полициски службеници во неговиот дом пронашле оружје и муниција.
-При претрес во неговиот дом и помошни простории , извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка со шест куршуми калибар 7.65 мм, една рамка со 17 куршуми калибар 7,65 мм, како и повеќе кутии со вкупно 110 куршуми од различен калибар, информира МВР.
У.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

