Во полициска акција спроведена денеска во Скопје, полицијата заплени околу пет килограми марихуана, а лишени од слобода се две лица – татко и син, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Љ. (51) од Скопје.
При претресот биле пронајдени околу пет килограми наркотична дрога марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Од слобода се лишени С.Љ. и неговиот син Б.Љ. (19). По целосното документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по итна постапка.
