(Пре)голем интерес за купување билети за натпреварот меѓу Македонија и Англија. Откако денеска и официјално започна продажбата на билетите за дуелот кој ќе се одигра следниот понеделник во Скопје редица народ можеше да се забележи по продажните места.

Постсетување: Билетите се со цена од 400 и 600 денари, во зависност од позицијата, а се продаваат само со физичко присуство.

Веќе се чека во редови пред продажните места на МКтикетс. Тоа беше објавено од Спортманија, но и на профилот на Боемот на Инстаграм како што може да забележите на фотографиите во продолжение.