Генералниот секретар на НАТО ја пофали улогата на Македонија во Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ја посети касарната „Илинден“ во Скопје. Посетата се реализира во рамки на официјалната посета на Република Македонија.

Руте беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Во своето обраќање пред припадниците на Армијата, тој го истакна значењето на придонесот што земјата го дава во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces), со што навистина се грижите да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“ – рече Руте.

Смотра на единици и доделување на плакета

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици. Претставена беше опремата и средствата на Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата, како и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

Посетата ја потенцира важноста на соработката помеѓу НАТО и Република Македонија и ја истакнува улогата на земјата во одбраната на територијата на Алијансата.