Дино паркот е веднаш до зоолошката градина во Скопје.

Официјално се отвора вечерва, а од утре и за посетители. Цената на билет ќе чини 50 денари. Се очекува да биде туристичка атракција како за домашни посетители, така и за странски туристи.

-Станува збор за околу 40 фигури од различен период од развојот на диносаурсите. Самиот Дино парк е од забавен карактер, но и од едукативен карактер. Се потрудивме диносаурсите да бидат во што е можно поавтентична средина , како што и живееле, самиот амбиент е на едно сериозно високо ниво, вели Петре Шилегов.