Скопјанец со загрижувачка објава во фејсбук групата „Кисела Вода-Пријави проблем“ алармираше за несоодвена сигнализација на еден патен правец во Скопје. Имено, станува збор за кружниот тек во Драчево.

„Луѓево се ненормални, сега имав сообраќајка на кружниот тек кај Маркова, кон Драчево. Возат во спротивна насока. Дали се нормални луѓето?“ – гласи неговата објава.

Иако нема информации за видот на соорбаќајната несреќа, возачите реагираат дека токму на таа локација нема соодветни знаци.

– Луѓето што грешат не се виновни. Нема знак! И некој што не живее во Драчево и не се движи натаму, нема поим дека таму е направен кружен тек, коментира скопјанка.

– Толкав кружен тек не го гледаат, па треба знак да им каже? Каков учесник во сообраќај е некој ако не гледа каде вози и каде го водат сообраќајните ленти? Толкав круг на средина не го забележува – срамота. Таков возач не е за возачка дозвола, а камоли да управува возило. Станува збор за фреквентен дел од градот, па доволно е да се следи сообраќајната сигнализација и движењето на другите возила. За жал, некои возат без внимание и без да знаат каде се движат, а последиците може да ги плати некој друг, гласи друг коментар.

Дилемата за тоа дали станува збор за недоволно добра сигнализацијата или некои возачи не ги познаваат основните сообраќајни правила останува отворена на социјалните мрежи, додека во меѓувреме скопјанец сведочи дека во Кисела Вода, кај последна 24-ка, има поставен знак, па повторно не го гледаат.