МОН го објави, па го сокри изборот на ментори во училиштата. За тоа има неколку причини, но најголемата е тоа што токму во училиште во Карпош е избран токму кандидат којшто го пишува во онаа пресретната партиска листа каде кандидатите за ментор се партиски оценувани за партиска подобност со “наша е” или “има книшка” од партиската организација на СДСМ – пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ; Наум Стоилковски.
Според него дека станува збор за “наши” и “има книшка”, сомнеж на регуларноста во изборот фрла и тоа што, ако се било регуларно во бодирањето зошто не се објавени ранг листи на сите учесници на конкурсот? Притоа, не е дозволен ниту увид во рангирањата.
-И последно од она што на прв поглед се забележува е дека на донесените конечни листи, оние коишто ги објавија, па ги сокрија, нема потпис од сите членови на комисијата, а на една нема потпис од претседателот на комисијата(?) Уште еден прекрасен проект на СДСМ и Мила Царовска за партизација и уништување на образованието. Фото: листата од општинската организација на СДСМ Карпош со имиња на кандидати за ментори со нивна “оценка за подобност”, како и изборот на ментор за ОУ во општина Карпош – пишува Стоилковски.