Жена е итно префрлена во болница, откако во неа удрило такси возило во центарот на Скопје, пренесува „24 инфо“.

Сообраќајната несреќа се случила на пешачкиот премин пред хотелот „Холидеј Ин“.

Повредената жена со возило на Итната помош веднаш била пренесена во болница.