Неколку пати се преврте автомобил

Утрово околу 10 часот на обиколницата околу Скопје, конкретно на потегот кај Орман кон село Стајковци се случи тешка сообраќајка. На самиот мост на обиколницата неколку пати се преврте автомобил, а жената која го управувала автомобилот итно е пренесена во болница.

Фотографии од лице место

Во продолжние може да ги погледнете фотографиите од превртениот автомобил.

МВР и АМСМ

Од МВР за најавија повеќе детали околу ваквиот несреќен случај во текот на денот. Во меѓувреме, од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози и апелираат на максимална почит на сообраќајните правила.