Таа на својот Фејсбук профил, прашува што направиле денеска за Македонија од општината на чело со градоначалникот.
-Секое постаро и подебело дрво со широка и висока крошна го исекоа!!! Крвнички, без да најават, злосторнички оти немале чиста намера! Намерно ја соголија улицата за да покажат моќ и да се одмаздат на жителите. Со неколкуте суви дрва ги УБИЈА и најубавите високи дрва кои ја правеа Орце една од најубавите улици во Центар. Ја убивте Орце! Не забетониравте и ќе не угушите нас кои живееме во околината и сето тоа го направивте ПОДМОЛНО И РЕЖИМСКИ. ЛАЖЕВТЕ дека НИТУ ЕДНО ДРВО НЕМА ДА СЕ СЕЧЕ! Лажевте додека ни се подсмевавте на глупоста дека ете мислиме некој барем малку се грижи за зеленилото. Драги медиуми, начинот на кој се уништи оваа улица и на кој ни се одзема можноста да живееме со малку повеќе воздух треба да ни е тема денеска, утре, секогаш!, пишува таа.
Таа упати критики и кон СДСМ и порача дека има разлика, односно дека се полоши од другите.
-Има разлика, во право сте! Полоши сте од другите! Помизерни во начинот и поподмолни во извршувањето.
И нема да заборавиме за крвничкиот злостор кој до направивте денеска! Никогаш! Бидејќи ни посеавте отров и ни го скративте правото на малку воздух!!!