Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски заедно со Дејан Георгиевски кој доби сребрен медал на олимписките игри во Токио лани го отворија новиот парк во општината посветен токму на спортистот.

„ОПШТИНА БУТЕЛ ДОБИ ”ОЛИМПИСКИ СОН” ПАРК ПОСВЕТЕН НА ИСТОРИСКИОТ СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ“, стои во постот на градоначалникот.

Во изјава за медиумите Костовски вели дека паркот се вика „Олимписки сон“.

„Со ова паркче сакаме да ги мотивираме сите идни спортисти и да им порачаме дека се е возможно, па дури и еден ваков олимписки успех“. вели Костовски.

Георгиевски вели дека е горд што има ваков парк во неговата општина.