Запалени две возила на екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, дознава Радио Лидер.

Како што дознаваме двете возила се запалени пред домот на Шилегов

Едното возило, Ауди q3,  припаѓало на сопругата на Шилегов, а второто возило е на семејната фирма, а го користел екс градоначалникот Шилегов.

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул.”Петре Пирузе” во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила пасат, матиз и нисан со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)”, соопштија официјално од МВР.

Се врши увид и се работи на расчистување на случајот