Откако музичарот Јордан Митев го откажа својот настап на настанот „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија, организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, објавен е нов рекламен плакат, на кој на неговото место доаѓа Ефто Пупиновски.

Покрај Митев, настапот го откажа и Адријана Кеш, а ново име вметнато на рекламата за настанот е диџеј Фичо.

Остануваат веќе најавените музички гости Благоја Грујовски, Сузана Гавазова, Сања Барби, Виолета Пандовска, а помеѓу изведувачите ги нема и претходно најавените музичари од Мерак Меана.

Во најавата се уште стојат Татјана и Новица Василевски, иако и тие јавно соопштија дека го откажале учеството.

Како појаснување на музичарите кои нема да учествуваат во настанот на Пеленица, е тоа дека не сакаат да бидат дел од партиски настани и не сакаат да бидат поврзани со ниту една политичка партија. Образложија дека кога се договарале, мислеле дека станува збор за народен собир.