По разговорите на двата лидери, ќе се одржи пленарната седница на делегациите на Србија и Унгарија, на кои ќе присуствуваат и двајцата, а потоа тие ќе одржат заеднички прес за медиумите.

Делегацијата на Унгарија, предводена од Орбан, сабајлево пристигна во Белград, на аеродромот Никола Тесла, каде беа пречекани од Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.