Американската десничарска активистка Валентина Гомез, која на социјалните мрежи ја следат околу 700.000 луѓе, јавно го поддржа српскиот претседател Александар Вучиќ пред изборите закажани за 25 октомври. Во објава на Икс, таа ја спореди студентската листа и блокадерите со американската организација Антифа.
Гомез ги обвини студентите за насилство, блокади и заплашување на граѓаните, а истовремено ги пофали политиките на Вучиќ.
„Србија ги одржува најважните избори на 25 октомври, а анархистичкото движење што се претставува како ’студентска листа‘ ја исполни земјата со насилство, блокади и тероризирање на сограѓаните. Ова е истото што Антифа го направи овде во Америка, но Александар Вучиќ се бори за интересите на Србија, со тоа што не воведе санкции против Русија, не ја признава лажната држава Косово и одржува одлични дипломатски односи со Европа, Русија и Соединетите Американски Држави“, истакна Гомез.
На крајот од обраќањето, таа предупреди на можните последици доколку, како што ги нарече, анархистите дојдат на власт.
„Затоа, ова е мојата порака до народот на Србија: гласајте за Александар или бидете подготвени вашата земја да биде запалена од тие анархисти што се нарекуваат ’студентска листа‘. Бог да ве благослови“, порача Гомез.
Serbia has the most important elections on September 25th.
Aleksandar Vučić gives Serbia a chance to remain Serbia.
All of Europe is under attack. https://t.co/jx86GEeqer
— Valentina Gomez (@ValentinaForUSA) October 16, 2026
