На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн.

– Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и пиво се следат резултатите од изборната драма во Германија, пишува во ФБ објавата на ДВ.

Меѓу гостите се и шефот на дипломатијата Бујар Османи, евроамбасадорот Дејвид Гир и други странски амбасадори.