Од 14 април, по првата доза на Pfizer / BioNTech и Modernа, интервалот ќе биде 42 дена, наместо сегашните 28, рече тој во интервју за неделникот „Journal du Dimanche“.

-Ова ќе ни овозможи побрзо да вакцинираме без да ја изгубиме заштитата, бидејќи просечната возраст на вакцинираните лица се намалува, а нивото на имунитет на луѓето помлади од 70 години е доволно за да се направи разлика, рече Веран.

За луѓето со кревко здравје или оние со истовремени болести, интервалот помеѓу две дози на вакцината ќе остане 28 дена според советот на лекарот.

Со усвојување на оваа стратегија, Франција очекува да заштеди 1,8 милиони дози во втората половина на мај.

Веран рече дека многу земји ја спроведуваат таа стратегија и дека научниците исто така ја одобриле.

По бавниот почеток, процесот на имунизација се забрза во Франција, така што десет милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината COVID-19. До средината на мај, се очекува да се администрираат уште десет милиони дози пред постепеното олеснување на рестриктивните мерки.

За да се постигне уште поголема флексибилност во администрацијата на достапните дози, здравствените власти исто така ќе размислат за мешање на две mRNA вакцини, на пример, првата доза да биде Pfizer / BioNTech и втората Modernа.

-Тоа нема да биде правило, но нема да биде ниту пречка, нагласи Веран.

Од утре Франција ќе отвори пунктови за вакцинација за лица постари од 55 години кои ќе можат да примаат вакцини Oxford/AstraZeneca или Johnson&Johnson во аптеките или кај матичните лекари.