Владата на претседателот Емануел Макрон го воведе ова правило со цел да се зголеми нивото на вакцинација и да се спречи нов бран на инфекција наесен за кој експертите сметаат дека би можел да го загрози економското закрепнување на Франција.

„Повеќето суспензии се само привремени. Многумина од нив, сепак, одлучија да се вакцинираат бидејќи видоа дека обврската за вакцинација е реалност“, изјави Веран за француското радио РТЛ.

Според локалниот весник „Ница матин“, речиси 450 здравствени работници се суспендирани во болница во јужниот град Ница.