Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го објави името на новиот премиер, соопшти Елисејската палата. Огласот за именување ќе биде објавен утре наутро, додадоа од придружбата на Макрон, откако претседателот вечерва слета на парискиот аеродром по посетата на Полска.
Франција во исчекување на новиот премиер
На 4 декември, францускиот Парламент изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние, што претставува значаен политички пресврт. Ова е првпат француска влада да падне поради недоверба од Парламентот од 1962 година, кога владата на Жорж Помпиду беше соборена.
Одлуката за назначување на нов премиер доаѓа во период на политичка нестабилност, а француската јавност со нетрпение очекува кој ќе го преземе кормилото на Владата.