Земјите од Западен Балкан се делумно слободни држави, наведува Фридом Хаус во годишниот извештај за нивото на слобода во светот, пренесува Aljazeera.
Босна и Херцеговина има 52 поени од можни 100, Косово и Србија по 60, Црна Гора и Албанија по 67 и Северна Македонија 68 поени.
Хрватска има 84, а Словенија 95 бодови и припаѓаат на слободните земји.
Така, според Фридом хаус, во Хрватска генерално се почитуваат политичките права и граѓанските слободи, но корупцијата и дискриминацијата на одредени малцинства сè уште претставуваат загриженост.
Американска невладина организација предупреди дека Ромите, Србите и членовите на ЛГБТ+ заедницата во Хрватска се соочуваат со дискриминација и дека загрижува присуството на екстремно десничарски групи и лица кои промовираат дискриминаторски вредности на јавниот простор.
Како клучни настани во 2022 година, Фридом Хаус ги издвои апсењето на тогашниот министер за градежништво Дарко Хорват, аферата ИНА и исполнувањето на условите за влез на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната во 2023 година, пренесува Хина.