Денеска била фрлена бомба во куќата на Немања Бојовиќ, познат како Хеми, лидерот на „забранетата“ фракција на навивачи на Партизан, а како што дознаваат српските медиуми, во овој инцидент нема повредени.
На куќата се видливи помали оштетувања, а шрапнели погодиле и возила кои биле паркирани пред куќата
Инаку, Хеми важи за наследник на „земунскиот клан“, а наводно е многу близок со Шкаљарскиот клан.
Тој беше уапсен во октомври 2008 година, кога беа запленети 1,9 килограми амфетамин и 13,6 грама марихуана. Бојовиќ е осуден на шест години затвор за трговија со дрога, обид за убиство, рекет и грабеж. По излегувањето од затвор, повторно бил уапсен, во едно белградско кафуле, кога кај него биле пронајдени кокаин и спид.
Како што пишуваат српските медиуми, Немања Б. неодамна бил застрелан во Земун, заедно со неговиот пријател, кога напаѓачите го чекале пред куќата на неговата мајка.