Хрватскиот Сабор денеска гласаше за недоверба на премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Гласаа 134 пратеници, од кои 56 беа за, 1 воздржан и 77 против.

Импичмент е на дневен ред на собраниската седница на предлог на 33 претставници на опозицијата. За да биде усвоена одлуката, потребно беше за неа да гласаат 76 претставници.

Предлогот да се иницира гласање доверба на Андреј Пленковиќ беше прва точка на дневниот ред. Опозицијата побара 10-минутна пауза пред гласањето. Имаше и препукувања меѓу опозицијата и владејачката партија.

За време на одложувањето, претставниците на опозицијата наведоа голем број неуспеси во работата на владата на Пленковиќ, меѓу кои разрешувањето на 22 министри, неуспехот да се спроведат соодветни реформи и усвојувањето на закони за кои постои сомневање дека се донесени исклучиво поради добивањето мито.