Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишниот Ф.С. од Скопје. Против него е поведена постапка поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На 09.11.2026 година, додека се движел по пешачка патека во Скопје, полициски службеници забележале како пријавениот фрла кеса со марихуана. Полицајците веднаш ја пронашле фрлената кеса и ја одзеле за понатамошно вештачење.

Подоцна, врз основа на претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот. При претресот била пронајдена и одземена дополнителна количина наркотична дрога кокаин.