Ф.А: Дали сте подготвени да влезете во Влада за да не дозволите државата да влезе во криза, вие како одговорна партија, како што тврдите дека сте?

Африм Гаши: Ова е лесно прашање, но одговорот е многу тежок. Ниту јас не можам да кажам во моментов. Не е лесно, комплицирано е. Сепак ќе треба да дискутираме на неколку нивоа, од неколку димензии и да направиме анализи во партијата, а ќе треба да се консултираме и со меѓународниот фактор. Да видиме кои се предизвиците и дали е вистина дека се загрозува датумот за отпочнување на преговорите.

Но, во случај Алтернатива да влезе во Влада, Гаши на став дека дел од тој состав не може да биде и Движењето Беса. Гаши дециден дека неговата партија никогаш нема да биде дел од Влада која не ја прокламира јасно евроатлантската ориентација и добрососедските политики.

„Алтернатива нема да стане дел од Влада која нема гаранции за продолжување на евроатлантскиот курс и добрососедски политики. Постојано ги истакнување овие два елемента, ставајќи до знаење дека доколку некоја политичка партија е против нашите стратешки ориентации, и како Албанци, и како држава, тогаш се подразбира дека Алтернатива нема да биде дел од таква Влада“, посочи Африм Гаши.

За да продолжи патот кон ЕУ, потребно е парламентарно мнозинство и стабилна Влада, рече Никола Димитров. Тој во емисијата „Клик Плус“ изјави дека е важно да се најде мнозинство за да се донесат важни одлуки.

Претседателот на Алтернатива, Гаши рече дека има низа забелешки околу владеењето на СДСМ, но истакна дека е јасно оти актуелната Влада ја зачленила Македонија во НАТО и дека има големи аспирации да стане дел од ЕУ.