Oд Појасот Газа е извршен голем ракетен напад врз Израел. Пет луѓе имаат полесни повреди откако голем број ракети лансирани од Газа паднаа во централен Израел, соопштија службите за итни случаи, објави Фактор.

Две од пет лица се погодени од шрапнел. Станува збор за 45-годишен маж во Беер Јаков и 40-годишен маж во Холон. Две постари лица и една жена на возраст од 35 години во Калa се повредени на пат кон прифатилиштето.

Локалните медиуми го опишаа ракетниот истрел како еден од најголемите од нападот на Хамас на 7 октомври.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војната во Појасот Газа би можела да трае подолго.
Најмалку 5.791 Палестинец загина во израелските напади врз Појасот Газа, а повеќе од 1.400 луѓе се убиени во Израел од 7 октомври.