Со засадување на 75 овошни садници со сертификат, произведени во Опитно поле-ФЗНХ, Скопје, општина Гази Баба го доби првиот овошен парк.

Како што информираат од Општина Гази Баба, акцијата се реализираше во рамките на платформата Take green actions и спроведување на кампањата „Зелен лист – Воздух чист“, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и компанијата ДС Смит-Скопје.

Поводот за засадување на овошни садници беше одбележувањето и на 75 годишнината на Факултетот за земјоделски науки и храна и компанијата „ДС Смит“ од Скопје, 15 годишнината од формирањето на ЈКП „Гази Баба 2007“ и секако одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството.

Во наредниот период активностите за формирање на овошни паркови ќе се прошири и во други делови на општина Гази Баба.

Инаку, предвидени се активности за формирање на овошни паркови во основните училишта и градинките.

-Со формирањето на урбаните овошни паркови од една страна се дава поддршка на предизвикот на ФАО Свет без глад до 2030 година и од друга страна созадаваме нови зелени површини и придонесуваме кон зачувување на животната средина – соопштија од локалната самоуправа.