Руската компанија „Газпром експорт“ не планира да продолжи да продава гас во Европа на својата платформа за е-трговија ЕТП и нема закажано трговски сесии за оваа недела, се гледа од трговскиот календар објавен на веб-страницата на компанијата.
Последните тргувања на „Газпром“ на ЕТП се случија пред повеќе од два месеци, а последната трансакција беше склучена уште порано – пред речиси три месеци, на 13 октомври 2021 година, и оттогаш нема никакви податоци за продажбата на гас.
Заменик-извршниот директор на „Газпром“ и извршен директор на „Газпром експорт“, Јелена Бурмистрова изјави дека компанијата „не може да даде насоки за времето и обемот на дополнителни количества гас на својот ЕТП“.
„Гаспром Експорт“ е наменет за продажба на природен гас на европските потрошувачи како додаток на снабдувањето со среднорочни и долгорочни договори.
Продажбата на гас преку ЕТП почна кон крајот на септември 2018 година. Во 2020 година на оваа платформа беа продадени околу 27 милијарди кубни метри гас.