Коосновачот на „Мајкрософт“ за пандемијата рече дека е неверојатна трагедија, додавајќи дека единствената добра вест е пристапот до вакцините.

– До крајот на 2022 година треба да се вратиме во нормала, истакна Гејтс.

Гејтс, милијардер кој се повлече од челната позиција на „Мајкрософт“ во 2014 година, донираше најмалку 1,75 милијарди долари преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за глобален одговор на пандемијата.