Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, смета дека до средината на следната година ковид-19 ќе предизвикува помалку смртни случаи од обичен грип.
Во средина на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцините против коронавирус и благодарение на новите терапии, стапката на смртност треба драстично да се намали, вели Гејтс за „Блумберг“.
Тој вели дека прашањето за набавка на вакцини ќе биде решено до средината на следната година. Исто така, фармацевтските компании „Мерк“ и „Фајзер“ имаат развиено пилула против коронавирус и смета дека сите овие работи ќе влијаат пациентите да добијат навремена терапија откако ќе се утврди присуство на коронавирус.