-Поради природниот имунитет, имунитетот од вакцините и новите орални лекови, стапката на смртност и стапката на зарази треба драматично да се намалат, истакнал денеска американскиот милијардер и основач на Мајкрософт на Форумот за нова економија на Блумберг во Сингапур.
-Тешкотиите со вакцинирањето на целиот свет против Ковид-19 следната година ќе бидат отстранети, бидејќи проблемите со снабдувањето се решени и се поставуваат прашања како да се дистрибуираат. Вакцините се многу добри вести, а ограничувањата за снабдување во голема мера ќе бидат решени кога ќе дојдеме до средината на следната година, кога би можеле да бидеме ограничени само од логистиката и побарувачката“, рече Гејтс во виртуелно интервју за Блумберг.
Гејтс вели дека не е јасно какво ќе биде нивото на побарувачка во многу земји, особено во области како субсахарска Африка.
Тој додаде дека светот треба да работи и на искоренување на грипот за да се намали заканата од идни пандемии, заклучува Блумберг.