Властите во Шри Ланка пронајдоа четири мртви китови, 20 делфини и 176 желки, пишува „Њујорк Тајмс”.

-Очигледно, смртта на овие морски животни е поврзана со потонувањето на бродот. Минатата година, во истиот период пронајдовме само две мртви желки, изјави Даршани Лахандапура, шеф на Здружението за заштита на морето од Шри Ланка.

Бродот со токсични хемикалии, „МВ Х-Прес Бисер”, се запали кон крајот на мај и потона на почетокот на јуни. Тој превезуваше 1.486 контејнери. Капетанот на 20 мај пријавил пожар на бродот кога се приближувалл до пристаништето Коломбо. Пожарот го гаснеа морнарицата и воздухопловните сили на Шри Ланка, заедно со индиската крајбрежна стража.

Контејнерите содржеле хемикалии, како натриум хидроксид, азотна киселина и метанол. Бродот превезувал и околу 350 тони нафта и пластика. По пожарот на прекрасните и, пред се, чистите плажи во западна Шри Ланка беа прекриени со остатоци од бродот и парчиња пластика.

Властите забранија риболов на тој дел од крајбрежјето.