Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија.

Георгиевски не настапи во финалето поради повреда.

– Го откажавме финалето поради повреда и не освоивме трето злато на Г1 за нешто повеќе од еден месец. Се надеваме дека снимката на шаката нема да покаже посериозна повреда, информира тренерот на Дејан, Борче Костовски.

До медалот Георгиевски стигна со три победи: против Мануел Полет од Белгија, Андриј Харбар од Украина и Емре Кталмиш од Турција.