Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на гостувањето на „Утрински брифинг“ кажа дека работат на подобрување на капацитетите за паркирање во општината.

Герасимовски посочи дека инвеститорите мора да планираат паркинг место за секое домаќинство во станбените објекти кои ги градат, а не да прикажуваат фиктивни паркинг места.

-Ова е неопходно за да го намалиме проблемот со паркирање за резидентните станари на Центар. Затоа потсетувам дека недозволиво е инвеститорите да прикажуваат фиктивни паркинг места преку т.н клацкалки туку треба да планираат паркинг место за секое домаќинство во станбените објекти кои ги градат. Дополнително за намалување на притисокот за паркирање кај резидентните станари секоја улица по реконструирањето станува резидентна односно со паркинг места за станарите на истата, вели Герасимовски.